Белоти задолжен за голови

77

Лидерот во италијанската Серија А, тимот на Милан, доби сериозна конкуренција во калчолигашот Аталанта кога е во прашање потписот на капитенот на Торино, Андреа Белоти. Репрезентативецот на Италија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а пред неколку години изјави дека уште од дете сонува како го носи дресот на Милан. Белоти треба да биде замена за легендарниот Златан Ибрахимовиќ.