Без вода утре повеќе улици во Карпош

46

Без вода утре од 9:00 часот ќе бидат корисниците од улиците: „Дрезденска“, „Алжирска“, „Њуделхиска“, „Бахар Моис“, „Каирска“, „Римска“, „Атинска“, „Панче Пешев“ и „Наум Евро“ во општина Карпош.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека причината за прекинот е изведување водоводен приклучок на улицата „Дрезденска“ број 13.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.