Без вода корисниците од улицата „Сердарот“ 94

78

Прекин на водоснабдувањето денеска  ќе имаат корисниците од улицата „Сердарот“ 94, во Општина Кисела Вода.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект.

Корисниците ќе бидат без вода од 10:30 часот се до завршување на активностите.