Без вода дел од корисниците во населба Крњево

58

Поради дефект на приклучна водоводна мрежа на улица „166“, број 15 во населбата Крњево, денеска прекинато водоснабдување ќе имат корисниците од оваа и од улицата „164“, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 14:45 часот до санирање на дефектот.

Поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица „Хусеин Бајрам“, број 4 во населба Центар, утре прекинато водоснабдување ќе имат корисниците од оваа улица, како и од улиците:  „171“ и „172“, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата.