Безбедноста на пациентите во Британија загрозена поради штрајкот на медицинскиот персонал

51
Управата на британските здравствени институции ја предупреди денеска британската влата дека е загрозена безбедноста на пациентите пради најавениот штрајк на работниците од брзата помош и денесшниот штрајк на медицинските сестри, кои прекинаа со работа поради незадоволството од платите.

 

Околу 100.000 медицински сестри штрајкуваа денеска по втор пат во последните седум дена.

Нивниот синдикат постави ултиматум во рок од 48 часа да се одговори на нивното барање за зголемување на платите или да се соочат со нови прекини на работата во јануари, пренесе Ројтерс.

Вработените во брзата помош во Англија и Велс би требале утре и на 28 декември да одржат штрајкови кои загрозените пациенти ќе ги оставаат да се снаоѓаат самите за да стасаат со болница.

„Не можеме да ја гарантираме безбеднсота на пациентите, не можеме да ги избгнеме ризиците кои настануваат во текот на штрајковите“, рече во интервју за Би-Би-Си Метју Тејлор, извршниот директор на Конфедерацијата на синдикати која ги застапува вработените во британскиот јавен здравствен систем.

Тој изрази загриженост за можните ризици поради новите штрајкови во текот на зимските месеци и рече дека претстои „многу опасен период“.

„Затоа одлучно го повторуваме повикот до Владата и трговските
синдикати да се обидат да најдат начин да го решат овој спор“, рече Тејлор.

Денешниот штрајк на медицинските сестри е без преседан во 106-годишната историја на Синдикатот на медицински сестри (ССН).