Многу жени се трудат да го променат сопствениот изглед, незадоволни од она што Бог им го дал. Таков беше случајот и со една од најдобрите спортистки во светот, Русинката Јана Кудријавчева, која своевремено се натпреваруваше во уметничко лизгање. Таа почнала да прави корекции на телото на 18 години, денес има 25 години и длабоко жали за својата одлука од минатото.

Овој пат, таа реши да проговори и, како што вели, советувала многу млади девојки да не го допираат телото и да не прават естетски корекции.

  • Штом ја завршив спортската кариера, веднаш отидов кај пластичен хирург. Сега разбрав дека воопшто не беше потребно тоа, но тогаш имав комплекс бидејќи имав мали гради – започна Кудријевчева.

Таа е во брак со хокеарот Димитрије Кугришев, со кого има две ќерки, петгодишната Ева и тригодишната Зоја.

  • Тогаш имав 18 години. Поточно, кога наполнив 19 години, решив да направам операција на градите. Мислев дека тоа ќе ги реши комплексите што ги имав. Така беше некое време, а потоа сфатив дека тоа не е најважното нешто во животот – додаде поранешната ритмичка гимнастичарка.

Потоа Русинката откри дека, поради својата одлука, имала проблеми и со семејството.

  • Моите родители беа многу против тоа. Во тоа време, живеев сама во Санкт Петербург. Неколку дена по операцијата, се сеќавам, мајка ми дојде да ме посети. По операцијата, морав да носам специјален корсет, бев стуткана. Ме праша што се случило со мојот грб. Тогаш ѝ признав што сум направила. Мајка ми падна на колена и ме праша зошто го направив тоа – се присети Кудријевчева.

Иако отсекогаш била убава девојка, покрај на градите, направила корекција и на усните.

  • Да, ставив силикони во усните. Тоа беше пред две години. Тогаш сè уште тренирав. Имав огромни проблеми. Луѓето што не ме познаваа,мислеа дека затоа пелтечам и дека побавно изговарам некои зборови. Но, тоа е проблем што го имам од раѓање – вели Кудријевчева.

Во текот на својата кариера во ритмичка гимнастика, го доби прекарот Ангел со челични крилја поради напорните вежби што ги изведуваше, особено со топка. Таа 13 пати беше светска шампионка, а девет пати најдобра во Европа. На Олимписките игри во Рио 2016 година, го освои сребрениот медал.