Бајден му вети на Зеленски напредни системи за воздушна одбрана

32

Во телефонски разговор синоќа, американскиот претседател Џо Бајден му вети на претседателот Володомир Зеленски продолжување на “континуираната поддршка за Украина потребна за нејзина одбрана, вклучувајќи и напредни системи за воздушна одбрана”, се наведува во изјавата од Белата куќа.

Во разговорот Бајден “изрази сочувство за блиските на убиените и ранетите во овие жестоки напади”.

„Тој, исто така, го подвлече неговиот тековен ангажман со сојузниците и партнерите за Русија да плати висока цена и да се повика на одговорност за своите воени злосторства и ѕверства“, соопшти Белата куќа. 

Откако зборуваше со Зеленски, Бајден твитна дека “воздушната одбрана сега е приоритет број 1 во нашата одбранбена соработка”.