Бајден доби германска поддршка од Шолц

77

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека го преферира американскиот претседател Џо Бајден отколку неговиот претходник Доналд Трамп за реизбор и се надева дека Бајден ќе биде избран на истата функција за уште еден мандат.

Зборувајќи пред ученици во основно училиште недалеку од Берлин, Шолц го обвини Трамп дека предизвикува поделби и оти би бил лош избор не само за САД, туку и за Германија.

– Мислам дека сегашниот претседател е подобар, па затоа сакам тој да биде реизбран, рече германскиот канцелар одговарајќи на прашање од ученик.

Долгогодишното дејствување на Бајден во јавните служби значат дека тој точно знае „што треба да се направи за да се спречи светска војна“, изјави Шолц.

Осврнувајќи се на Трамп во неговите одговори до учениците, Шолц рече: „Ако сите луѓе дејствуваат исклучиво еден против друг, немаме ни сигурна иднина и поради тоа, поранешниот претседател секако се залага за големи поделби во земјата“. ј