Баш ми е гајле за Дибала

146

Најинтересниот натпревар од 19. коло во италијанската Серија А, пресметката помеѓу вечните ривали Рома и Јувентус, заврши со минимален триумф на „старата дама“ од 2:1. Четата на Маурицио Сари е првопласирана со два бода повеќе од Интер и четри бода повеќе од третопласираниот Лацио, кој има еден натпревар помалку.

Освен по погодоците на Демирел, Роналдо и Периоти, пресметката на „Олимпико“ ќе биде запаметена и по тешката повреда на малдиот напаѓач на „волчицата“, Николо Заиоло, кој ги скина лигаментите во коленото, но и по бурната реакција на Паоло Дибала додека го напушташе зелениот терен за време на измената.

Аргентнскиот интернационалец беше заменет од сонародникот Гонзало Игуаин во 69 минута, а пред да го напушти зелениот терен, Дибала бурно реагираше кон предводникот на „старата дама“.

На крајот од натпреварот Сари откри што точно мисли за реакцијата на брзоногиот напаѓач.

  • Дибала е лут? Баш ми е гајле. Играта се движеше во таква насока и јас морав да повлечам прикладен потег. Јас ќе немам никаков проблем со него ако игра како што треба. Мислам дека играчите ќе немаат некаква бурна реакција доколку постјано не се напаѓани од медиумите. Поради медиумите, играчите мислат дека секогаш се во право, изјави Сари.