Бачелет: Во Украина загинаа најмалку 102 цивили

15

Шефицата на Обединети нации за човекови права Мишел Бачелет денеска изјави дека во руската инвазија врз Украина убиени се најмалку 102 цивили, а 304 се повредени, при тоа истакнувајќи оти најверојатно бројот на жртви е поголем.

– Повеќето од цивилите беа убиени од експлозивно оружје со широко подрачје на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи, како и воздушни напади. Се плашам дека бројките се значително повисоки, истакна Бачелет обраќајќи се на отворањето на седницата на Советот за човекови права во Женева “.

Додека Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека 422.000 луѓе избегале од Украина во соседните земји, а над 100.000 се внатрешно раселени.