Каталонскиот ракометен гигант Барселона ќе добие значителнозасилување во финишот од сезоната во шапанското првенство, но и во Лигата на шампионите Во составот се враќа Луис Фраде.

Младиот пивотмен се повреди во ноември, но се опорави порано од очекуваното, па најверојатно ќе може да му помогне на тимот на фајнл-форот во Лигата на шампионите, кој е на 18 и 19 јуни во Келн.

Неговото опоравување е поважно за тимот, бидејќи од неодамна во тимот го нема Лудовик Фабрегас, кој мораше да замине на операција и оваа позиција беше десеткувана.

Португалецот доби и зелено светло од лекарскиот тим. Доколку се биде во ред, тој ќе има доволно време да се врати во натпреварувачкиот ритам до полуфиналето од елитното натпреварување.