Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лигата на шампионите. На „фајнал-фор“ турнирот во Келн се пласираа Веспрем, Барселона, Киелце и Кил.

Среќата посака европски класик уште во полуфиналето, па Барселона оди на мегдан со домашниот германски тим Кил, додека во второто полуфинале ќе се судрат Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и Киелце.

Завршниот турнир е закажан за 18 и 19 јуни, стандардно во „Ланксес Арената“ во Келн.