Барањето на Косово за членство не помина во Советот на Европа

86

На агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа не било ставено барањето на Косово за членство во таа организација, информира Нова.рс. Тоа значи дека се минимални шансите апликацијата на Приштина да се најде на дневен ред на Парламентарното собрание на СЕ што ќе се одржи во април.

Соединетите Американски Држави неодамна побараа од одредени членки на Советот на Европа да го спречат влезот на Косово во таа организација додека Приштина не го промени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСУ). САД бараат прашањето за влезот на Косово во таа организација да не биде ставено на дневен ред додека Приштина не усвои „поконструктивен став“ за ЗСО, што, како што објави „Еуроњјуз“, „ќе го отвори патот за предлог основен договор меѓу Белград и Приштина“.

Според Нова.рс, барањето за членство на Косово не било дел од денешниот дневен ред на Комитетот на министри на СЕ, кој треба да донесе одлука што ќе биде на дневен ред на Парламентарното собрание на таа организација, кое ќе биде одржано во април.

„Ни Парламентарното собрание не може да донесе таква одлука во април, дури и да им е проследено барањето. Има одредена процедура, за која е потребно време“, стои во текстот.