Бараж натпревари за 1 МФЛ: Ренова – Охрид и Тиквеш – Силекс

87

Ренова – Охрид и Тиквеш – Силекс се бараж натпреварите за Прва МФЛ кои ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“, односно на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Двојките и местата на одигрување беа одредени на денешната ждрепка во прес центарот на Националната арена.

Ренова и Охрид својот меч ќе го одиграа на стадионот во комплексот „Куќа на фудбалот“, додека Тиквеш и Силекс ќе се соочат на Националната арена „тодор Проески“. Натпреварите се играат во 25. мај (вторник) од 16:00 часот. Се игра еден натпревар, доколку во регуларните 90. минути нема победник, веднаш ќе решава пенал серијата.