Тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, беше полн со пофални зборови за хрватскиот ракометен репрезентативец  Домагој Дувњак, кого го спореди со легендарниот ракометар Ивано Балиќ.

Погледнете го Дувњак како се однесува кога неговиот тим губи. Се расправа со судиите, му сугерира на тренерот, вика на судиите, се бори за тимот, изјави Вујовиќ во разговор за реномираниот интернет портал „Балкан Хендбал“.

Контроверзниот тренер даде одговор и кој ракометар би сакал да го има во својот тим.

-Искрено се двоумам меѓу  Домагој Дувњак и Сандер Сагосен. Домагој е играч чија цела кариера е одлична, тој е перфектен играч со екстремен квалитет, но Сагосен во следните 7 – 8 години ќе игра на врвно ниво. Но доколку сега гледаме кој би бил подобар за мојот тим, тоа сигурно е Дувњак. Но, доколку избирам некој за повеќе години, тогаш тоа е Сагосен, призна тренерот на ППД Загреб, кој направи споредба и меѓу Дувњак и легендарниот хрватски репрезентативец Ивано Балиќ.

-Има карактер, не како некои, но направи многу добра линија меѓу многу добро однесување, односно добро воспитан како што би рекле Хрватите и победничкиот карактер кој неоспорно го поседува. Тој за мене е еден господин. На пример ова не можам да го кажам за Балиќ, кој е бараба, но и голем гениј, еден од најдобрите играчи што светот некогаш има видено. Се надевам дека никој нема да замери и не би се осудил да кажам кој е најдобра играч меѓу сите нив, заврши Вујовиќ.