Баерн ја намали цената на Тијаго

51

Баерн (М) одреди цена за нивниот играч од средниот ред Тијаго Алкантара во износ од 30 милиони евра, пишува „Билд“. Ова е за 10 милиони помалку од претходната сума што ја постави клубот.

Ова најверојатно се должи на потребата Баварците да продаваат за финансирање на новите засилувања. Пред извесно време, изданието објави дека Баерн бара 40 милиони евра, додека челниците на Ливерпул се подготвени да платат само 25 милиони евра за Шпанецот. Така, новата цена е значително поблиску до можностите на англискиот шампион.