Женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 на домашен терен го совлада Бановиќи со убедливи 85:55 во рамки на регионалната ВАБА лига. Прашањето околу победникот беше решенo уште по првото полувреме, кога „баделки“ дојдоа до убедлива предност од 21 поен (52:31).

Ова е трета победа на Бадел во регионалната лига, во која има и три порази во Групата-А, и е на една победа до местата кои водат во следната фаза. Најефикасна во победничкиот тим беше Александра Стојановска со 20 поени.

Во наредното 9. коло, Бадел 1862 му гостува на тимот на Пламен во Пожега, на 8 декември, а во последното коло од групната фаза играат дома против Партизан.