Баба од Италија стана хит со часовите по готвење во екот на вирусот корона/фото и видео

188

Баба која живее северно од Рим стекна мошне голема кулинарска репутација во последните неколку години, меѓу патниците кои доаѓаат од далеку само за да готват паста со неа. Но во екот на вирусот корона и целосната парализа на државата, таа морала да бара алтернативни методи да ги сподели своите вештини во готвење паста со светот – па нејзините роднини дошле до идеја таа да ги одржува часовите онлајн.

Часовите обично се букираат преку страницата Ербиенби Искуства, но семејството морало да ги откаже букинзите за февруари, кога вирусот корона ја нападна Италија.

Внуката Кјара Николанти, дошла до идеја часовите да се одржуваат онлајн.

https://www.instagram.com/p/B9yggAtKS27/

 

Виртуелното искуство, наречено Нона во живо, тече два часа и чии 50 долари. Пред часот, се испраќа список со потребните состојки и кујнски алатки потребни за рецептите – вклучително со јајца брашно, алатки за изработка на пастата, како и времето во кое започнува часот.

https://www.instagram.com/p/B-LJbavqHrA/

Покрај часовите по готвење, онлајн учесниците на часовите можат да искусат музика, танцување и многу разговор.

Првиот пат кога и објаснувавме дека луѓето ќе можат да ја гледаат и да ја слушаат еше најлудото нешто.

Првичната замисла беше за едночасовен час по готвење, наместо два часа, и луѓето цело време се смееле раскажува нејзината внука.

Таа никогаш не престанува, никогаш не ме чека, па навистина беше лудо, но мислам дека луѓето го сакаат толку тоа. Тие сакаат италијанска бабичка да се буричка низ кујната со нив еден час. Оти не е само до сотојките, туку до техниката, а тоа е нешто што само италијанска бабичка може да ве научи, вели младата николанти.

Извор:insider.com, foto:facebook