Африм Гаши: Граѓаните ќе одлучат кој ќе ја води државата

97

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши гласаше во Скопје.

–  Го искористив моето право за гласање, но веќе шест години како интелектуално човечко суштество се борам за еден нов систем на вредности кој е многу квалитетен во западните држави и мислиме дека цивилизациските текови треба да достигнат и кај нас. Сакам да ги охрабрам сите гласачи денес да го искористат своето право на глас да излезат на гласање. Овој ден е нивен и тие треба да одлучат кој ќе ја води државата во следните четири години – изјави Гаши.