Археолозите го отворија гробот на Исус Христос по два века – изненадени од она што го затекнаа /видео

587
Поминаа шест години откако конзерваторите прв пат во повеќе од два века го отворија Исусовиот гроб во црквата на Светиот гроб во Ерусалим.

 

Христијанските заедници во Светата Земја ја започнаа реставрацијата на тешко оштетениот гроб на Исус неколку месеци претходно.

Исусовиот гроб е заштитен од распаѓање со метална конструкција веќе неколку децении. Ги држи заедно мермерните блокови кои биле еродирани од временските услови и влијанието на аџиите и туристите.

На дел од историското дело посведочил фотограф на АФП кој го фотографирал местото каде според верувањата има карпа под која е положено телото на Исус во 33-та година, пренесува Вечерњи.

Мермерната плоча што го покрива гробот беше отстранета три дена за реставрација и археолошка анализа. Тоа беше прв пат плочата да биде отстранета барем од 1810 година, кога беа извршени последните конзерваторски работи поради пожар во базиликата, а можеби и порано, рече отец Самуел Агојан од Ерменската црква, една од деноминациите што владее базиликата.

Сликата на Исус може да се види во тесен дел од просторот под поместениот панел. Пронајдени и анализирани се и некои материјали. За реставрацијата беа задолжени грчки експерти, а целиот процес го сними National Geographic за потребите на документарен филм.

„Отворањето на гробот ќе им даде на експертите единствена можност да ја испитаат оригиналната основа на најсветото место на христијанството“, објави тогаш медиумската куќа.

„Морам да признаам, колената ми се тресееа“, рече Фред Хиберт, археолог од National Geographic.

Работата беше финансирана од трите главни христијански деноминации кои управуваат со базиликата на Светиот гроб (католици, православни, ерменски христијани).