Ракометната репрезентација на Аргнетина, покажа дека не е само учесник на Светското првенство во Египет. „Гаучосите“ во вториот натпревар од главната фаза на шампионатот ја совладаа силната селкција на Хрватска со 23:19.

По овој пораз Хрватите ќе имаат многу потешка задача за да влезат меѓу осумте најдобри на првенството, бидејќи во последното коло ќе треба да го совладаа бранителот на титулата, селекцијата на Данска.

Унгарија со победата над Полска со 30:26 се пласира во четвртфиналето. Унгарците водеа од почетокот до крајот на натпреварот и во последното коло од главната фаза ќе играат против Шпанија за задржување на првото место во групата.

Европскиот шампион Шпанија исто така обезбеди место меѓу најдобрите осум на шампионатот со победата над Уругвај со 28:23 Арино со девет гола беше најефикасен кај „црвената-фурија“, додека кај Уругвај се истакна Кансио со осум гола.