Аргентина е нов Светски шампион!

47

Репрезентацијата на Аргентина по трет пат во фудбалската историја е Светски шампион. Популарните „гаучоси“ добија пенал рулетот против репрезентацијата на Франција. Финалниот дуел заврши без победник во регуларните 90 минути.

Аргентина дојде во водство со нов пенал кој успешно беше реализиран од Лионел Меси, а на 2:0 зголеми Анхел Ди Марија. Четата на Лионел Скалони имаше убедливо водство до 80 минута кога Мбапе успешно го реализираше ударот од белата точка, а истиот играч неколку минути подоцна погоди за 2:2. Лионел Меси погоди за 3:2, а Мбапе израмни на 3:3 со удар од белата точка.

Пенал рулетот заврши со триумф на Аргентина од 4:2.