Апасиев го повика МВР да ги казни возачите што блокираат крстосници

113
Пратеникот Димитар Апасиев го повика МВР да започне со казнување на приватните превозници кои продолжија и денес да го блокираат Скопје.
Лидерот на Левица смета дека ваков тип на протест не смее да се одржува поради облигациони односи, односно неисполнети обврски помеѓу приватните превозници и Град Скопје.
„Јас разбирам БЛОКАДА на главен град заради јавен интерес или политички барања. Но, да блокираш цел град заради приватен долг (облигационен однос) – е тоа не го контам баш!?
И сега МВР – Сообраќајна полиција… Како што знаевте летоска да им пишете казни на нашите активисти кои блокираа со автомобили заради Францускиот предлог, постапете исто и кон приватњаците-ГАЗДИ на најружните и најпрљавите автобуси во свет, кои се паркирани на булеварите низ Скопје“, напиша Апасиев на Фејбук.