Антони врши притисок

81

Еден од најдобрите фудбалери во дресот на актуелниот шампион на Холандија, тимот на Ајакс, Антони, не го одработи последниот тренинг и со тоа ги потврди шпекулациите дека сака да си замине од Амстердам до крајот на летниот преоден рок. Бразилскиот интернационалец со недели важи за најголема желба на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, но раководните лица на двата клуба се уште не постигнале договор околу обештетувањето од 80 мил. евра.