Учениците се тестираат во посебна просторија, а тоа го вршат медицински екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје, кои посочија дека тоа е безболно, но и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина. Во „Зеф Љуш Марку“ денеска беа опфатени 68 ученици од предвидените 69 ученици и сите беа негативни. -Со скринингот ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата, а кога целиот процес ќе биде завршен детално ќе се информира како се реализирал, информираат од Министерството за здравство за весникот ВЕЧЕР.

 

Денеска и официјално почна скринингот на учениците за ковид-19 во девет средни училишта во Скопје, меѓу кои и „Зеф Љуш Марку“ и Средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов”. Првиот ден предвидено беше да се тестираат 258 средношколци. Учениците се тестираат во посебна просторија, а тоа го вршат медицински екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје, кои посочија дека тоа е безболно, но и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.

-Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на ковид-19 меѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата, а кога целиот процес ќе биде завршен детално ќе се информира како се реализирал, информираат од Министерството за здравство за весникот ВЕЧЕР.

Во „Зеф Љуш Марку“денеска беа опфатени 68 ученици од предвидените 69 ученици.

-Имавме потпишана согласност од родителите и со тоа бевме во можност и дадовме согласност да се тестираат нашите ученици. За сите тестирани ученици резултатите ни ги кажаа здравствените работници кои беа дојдени во нашето училиште, сите беа негативни што не израдува – изјави Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје – Скопје во изјава пред медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.

–Се работи за брзи скрининг тестови кои се слични тестови до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви за откривање бактерија на Микробиологија, истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи. Така што не е ништо болно. Веќе две години земаме брисеви ниту настанала повреда, ниту рана, значи сето тоа е внимателно направено – вели Јанкуловски.

Инаку скринингот на учениците задоцни десетина дена бидејќи дел од родителите негодуваа и како што рекоа не сакаа нивните деца да бидат изложени на стресови. Како што првично најави министерот за здравство Венко Филипче со скринингот треба да бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и градот Скопје. Тоа вели Филипче е во рамките на активностите за рано детектирање и превенција од ковид-19 во основните и средни училишта. За ученици кои се избраа по случаен избор од податоците на е-дневникот, нивните родители претходно дадоа писмена согласност дека можат да бидат тестирани.

Тестирањето на учениците, како што соопштија од Здравство, ќе се реализираат деновиве и низ државата и тоа во: Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Досега во училиштата се вакцинирани околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два процента од учениците.

Националниот Комитет за имунизација во вторникот донесе одлука да се засили имунизацијата, за што се препорачува граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација.

Како што информира Министерството за здравство, имунизацијата со трета доза е со вакцина на производителот „Фајзер“, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Спутник В“, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

Србија прва во Европа ќе го набави лекот молнупиравир, а лекот сотровимаб веќе е во употреба

Србија прва во Европа ќе го набави лекот молнупиравир. Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување на Србија (РФЗО), Сања Радојевиќ-Шкодриќ изјави дека 50.000 лекови против ковид-19 молнупиравир, на компанијата МСД, ќе пристигнат во Србија во јануари и дека цената на новиот лек сотровимаб, што почна да се применува во Србија пред неколку дена изнесува 4.000 долари.

Како што изјави Шкодриќ за ТВ Прва, Србија е прва во Европа што потпишала договор за купување на лекот молнупиравир и додаде дека се очекува тој да биде регистриран во декември од Американската агенција за лекови, по што се очекува одобрување во Европа и Србија.

– Лекот е во форма на таблета и ќе се примени за сите пациенти кои се позитивни (на коронавирус), во првите пет дена од позитивноста и навистина се намалува, покажаа резултатите од клиничките студии, најмалку за 50 отсто хоспитализација. Завршени се сите клинички студии за овој лек, што е неопходно пред регистрацијата, а резултатите се одлични, истакна Радојевиќ-Шкодриќ.

Таа посочи дека во Србија веќе долго време се достапни регенерон и бамланивимаб, од иста група лекови, но дека не разбира зошто голем број луѓе чекаат да се разболат кога има ефикасни вакцини.

(В.Ма.)