Англискиот град Ливерпул е отстранет од списокот на светско културно наследство на УНЕСКО, откако со години продолжи градењето во близина на историските викторијански докови.

По гласањето на Комитетот за светско наследство во Кина, УНЕСКО на Твитер соопшти дека Ливерпул треба да биде отстранет од списокот на места на светско наследство на организацијата на ОН за култура, наука и образование.

Ова значи дека Ливерпул ќе го изгуби статусот што го имаше од 2004 година, кога беше вклучен во списокот на светски познати знаменитости како Таџ Махал или Кинескиот ѕид.

Во 2004 година, неколку градски споменици во Ливерпул – Пристаништето Хед, докот Алберт и улицата Вилијам Браун беа запишани на списокот на УНЕСКО за с ветски културни наследства во Европа како „Поморско-трговски град Ливерпул“.

Велика Британија изрази голема разочарување за потегот на УНЕСКО.

„Исклучително сме разочарани поради оваа одлука и веруваме дека Ливерпул сè уште го заслужува својот статус на светско наследство, имајќи ја предвид значајната улога што ја играа историските пристаништа и поширокиот град низ целата историјата“, се вели во изјавата на портпаролот на британската Влада.