Либерото на македонската одбојкарска репрезентација, Дарко Ангеловски, отсекогаш бил специфичен и оригинален по своите изјави, а тоа го потврди и по победата над Данска на стартот на Европското првенство на кое ко-организатор е Скопје.

  • Имаме добра енергија. Одигравме машки, одиме понатаму. Кога секој што ќе го изработи тоа што треба, победата самата доаѓа, тактиката се кажува, да се играше петти сет ќе беше турбулетно. Македонската јавност денеска беше симпатична, мило ми е што имаше навивачи. Црна Гора ќе ја „дувнеме“, смета Ангеловски.

Потоа ја повика јавноста да присуствува во што поголем број на следниот натпревар, а тоа повторно го порача на оригинален начин.

  • Шоуто тука чини 500 денари ако сакаат да не гледаат, ако не на ТВ е бесплатно. Сепак верувам дека на следниот меч ќе дојдат во поголема бројка, додаде популарниот „Шаби“.