Амазон дава 500 милиони долари бонуси за вработените кој работеле во јуни

106

Иако работниците и властите на државите во кои Амазон работи се бесни на однесувањето на компанијата во текот на пандемијата на коронавирусот, сега може да се очекува расположението значајно да се поправи. Имено, Амазон ветил исплата на огромни бонуси на своите работници.

Амазон ќе уплати повеќе од 500 милиони долари во вид на бонус на сите работнци кои работеле во компанијата во текот на месец јуни, што се оценува како исклучителен потег откако гигантот за е – трговија ги елеминирал растот на платите и платената прекувремена работа на крајот од мај. Компанијата сака да покаже благодарност и во вид на еднократен бунус да ги почести своите вработени.

Износите за еднократен бонус варираат. Редовно вработените во Амазон, возачите и партнерите ќе добијат по 500 долари. Вработените кои работат на половина работно време, 250 долари, лидерите на фронтовните компании на Амазон и Хол Фудс ќе добијат по 1,000 долари, додека сопствениците на партнерските служби за достава ќе добијат по 3,000 долари. Амазон воочил се поголема побарувачка во текот на пандемијата додека луѓето остануваат дома и порадит тоа вовел мерки кои не се баш популарни. Иако бројат преку 400,000 вработени и 110 центри, било тешко да се обезбедат сите услови за работа против епидемијата на коронавирусот, па во еден момент дошло и до протест на работниците од кои некои биле отпуштени. Имало најмалку десет смртни случаи помеѓу вработените во магацините.