Капитенот на Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија, Давид Ферер, вели дека Карлос Алкараз има доста добри резултати за еден 20-годишник.  Алкараз нема освоено титула од минатогодишниот Вимблдон, но сепак го држи второто место на АТП ранг-листата.

„Тој е број два во светот, но не можете да барате од 20-годишен тенисер секогаш да победува“, рече Ферер, додавајќи:

„Ние сакаме тој да освои се, а во последната година и половина играше на многу високо ниво, освојувајќи два грен слем. Не можеш да играш против најдобрите тенисери секогаш на потребното ниво, но нема што да изгубиш. Сега Карлос е во преодна година, во која логично ќе има поголем притисок затоа што мора да одржува високо ниво и затоа што неговите ривали подобро го познаваат”.

Надал имаше две Грен слем титули во годините на Алкараз, а Ѓоковиќ една.

“Затоа велам дека тој е посебен играч, калибар на Рафаел Надал, Роќе Федерер или Новак Ѓоковиќ. Има уште време, не можете да барате од него да освои се. Не се сеќавам дека Рафа или Ѓоковиќ освоиле се во тие години“, додаде Ферер

Алкараз го очекува егзибициски меч во Лас Вегас на 3 март против Надал, На мечот ќе присуствуваат 12.000 гледачи, билетите за трибината се со цена од 250 до 500 долари, додека седиштата покрај теренот чинат 3.000 долари. Но она што ги шокираше навивачите беа цените на приватните „лекции“, односно играњето тенис со еден од двајцата играчи – или и двете.

Така, приватна сесија со Надал или Алкараз чини точно 150.000 долари, а групна 50.000 долари. Поевтино е да се игра во групна класа со Тејлор Фриц и Френсис Тиафо (25.000 долари), а особено со Џон Иснер и Сем Квери (2.000 долари). Целиот настан на шпански ќе го коментираат Давид Ферер и Фелисијано Лопез, додека на англиски Андре Агаси и Енди Родик.