Али Ахмети изненади: Виеше оро без запирачка на свадба кај синот на Буши/ВИДЕО

4549
Facebook printscreen

Али Ахмети беше гостин на свадбата на синот на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, според информациите на социјалните мрежи, каде хит стана видео на кое Ахмети е главен на оро.

Ахмети и Буши играат еден до друг, а видеото е споделено од страна на Керим Буши, чие име се совпаѓа со името на еден од синовите на заменик министерот.

Видеото привлече внимание бидејќи го прикажува лидерот на ДУИ во несекојдневно издание.