Алан во средниот ред

34

Во следните неколку дена, бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Алан, и официјално ќе биде преставен како најнова милионска аквизиција на англискиот премиерлигаш Евертон. И контроверзниот сопственик на „азурите“, Аурелио де Лаурентис, потврди дека се договорени и последните детали од најавениот трансфер, а италијанските медиуми открија дека Евертон ќе одвои 25 мил. евра за обештетувањето на Алан.