Ако одите во Грција на одмор наполнете го резервоарот, ќе заштедите 30 евра

Цените на горивата во Македонија меѓу најевтините во регионот

2339

Македонците кои планираат да заминат на летување во Грција најдобро е да го наполнат резервоарот до горе ако сакаат да заштедат на гориво. Така за да наполните резервоар од 50 литри со бензин, во Македонија, ќе ве чини 4.275, додека во Грција 6.000 денари односно околу 30 евра повеќе. Додека за дизелот ќе потрошите нешто помалку, односно за еден резервоар во Македонија ќе ви требаат 3.925, а во Грција 5.100 денари. Во Србија цената на бензинот е 1,55 евра (95,45 денари) и е поскап за 10 денари од кај нас, додека дизелот чини 1,62 евра (99,76 денари) и е поскап за нешто повеќе од 20 денари. Поради тоа Србите кои одат на летување во Грција преку Македонија, своите резервоари ги полнат во нашата држава. Така за полн резервоар со бензин заштедуваат околу 500 денари, а доколку користат дизел, тогаш ќе заштедат 1.000 денари

 

 

Македонците кои планираат да заминат на летување во Грција најдобро е да го наполнат резервоарот до горе ако сакаат да заштедат на гориво. Цените на горивата повторно почнаа да се зголемуваат, но и покрај тоа Македонија има едни од најевтините нафтени деривати во регионот. Бензинот БС-95 во државава се продава по цена од 85,5 денари, додека дизелот чини 78,5 денари. Бензинот во Грција чини 1,95 евра (120 денари) за литар, додека дизелот се продава по цена од 1.66 евра (102 денари).

За да наполните резервоар од 50 литри со бензин во Македонија ќе ве чини 4.275, додека во Грција 6.000 денари, односно околу 30 евра повеќе. Додека за дизелот ќе потрошите нешто помалку, односно за еден резервоар во Македонија ќе ви требаат 3.925, а во Грција 5.100 денари.

Што се однесува до Албанија, која последниве години е избор за летување на голем број Македонци, цените на горивата исто така се повисоки од кај нас. Цената за литар бензин во Албанија е 1,47 евра (90 денари), додека дизелот се продава за 1,45 евра (89 денари). Така за да наполните резервоар со бензин во Албанија ќе потрошите само околку 200 до 300 денари повеќе отколку во Македонија, додека за дизелот кој е поскап во Албанија ќе потрошите 500 денари повеќе.

Во Србија цената на бензинот е 1,55 евра (95,45 денари) и е поскап за 10 денари од кај нас, додека дизелот чини 1,62 евра (99,76 денари) и е поскап за нешто повеќе од 20 денари. Поради тоа Србите, кои одат на летување во Грција, преку Македонија своите резервоари ги полнат во нашата држава. Така за полн резервоар со бензин заштедуваат околу 500 денари, а доколку користат дизел тогаш ќе заштедат 1.000 денари. Во Косово горивото е уште поскапо и од Србија и  литар бензин чини 1,66 евра (102 денари), додека дизелот чини 1,65 евра (101 денари).

Во Словенија литар бензин чини 1,49 евра, односно 91,75 денари, додека дизелот чини 95,5 денари, додека во Хрватска бензинот се продава за цена од 1,52 евра (93,6 денари), а дизелот чини 1,53 евра (94,22 денари).

Горивата во Босна и Херцеговина се поевтини од кај нас и литар бензин чини 1,31 евра (80 денари), а дизелот е 1,27 евра (78 денари). Додека во Бугарија бензинот се продава за 1,36 евра (83,77 денари), а дизелот чини 1,31 евра (80,69 денари).

(А.С.)