Продолжува зазеленувањето на Општина Аеродром, каде на голем број локации се засадуваат различни видови дрвја во пресрет на пролетта.
Денеска градоначалникот Златко Марин и учениците од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ засадија зимзелени и листопадни дрвја од видот туја, јасен и платан во дворот на училиштето.
– Зазеленувањето на Општината е мој врвен приоритет, затоа што тоа е еден од главните чекори до постигнување здрава и чиста животна средина. Денеска заедно со учениците засадивме нови дрвја, а преку ваквите акции, исто така младите генерации учат колку е важно да се грижат за природата. Ја користиме пролетта да ги обновиме постојните и да им обезбедиме на аеродромци повеќе чисти зелени површини – порача градоначалникот Марин.
Пред неколку дена и дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче беше претворен во мала зелена оаза. Градоначалникот и вредните раце на учениците таму засадија околу 700 најразлични дрвја и хортикултурно го уредија училишниот двор.
И паркот Нирнберг неодамна доби нови садници, а пролетното зазеленување продолжува и во наредниот период на голем број локации низ Општината со разновидни дрвја.
– Исто така, Општина Аеродром во соработка со Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ ќе создаде парк на извидниците, нова зелена површина, по повод 66 години од основањето на овој одред. Паркот е планирано да биде уреден во непоседна близина на просториите што Општината неодамна му ги додели на овој Одред, а се наоѓа на раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“. Општина Аеродром останува посветена на создавање нови зелени површини и хортикултурно уредени катчиња, затоа што вложувањето во животната средина е трајна придобивка на сите сегашни и идни генерации – велат од општина Аеродром.