АБА лигата нема да добие уште едно место во Евролига

51

Првиот човек на Евролига, Жорди Бартомеу, истакна дека АБА лигата нема да добие нов претставник во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување во Европа. Но, тој не ја исклучи можноста ова регионално натпреварување да добие уште еден клуб во елитното натпреварување, а за таа цел ќе мора да се пробие преку освојување на Еврокупот.

  • Таквите промени нема да се случат бар во наредните три, четири години. Ако „вратата“ им се отвори од Еврокупот во Евролига, само така клубовите од регинот ќе имаат шанса да имаат два клуба во елитното натпреварување. Јадранската лига е многу посебна за нас и моето мислење е дека Евролига и понатаму ќе функционира со 18 клубови, бар во наредните пет години. Со тоа тимовите и понатаму ќе имаат можност да се натпреваруваат во домашните шампионати, што е многу важно за евролигашкиот „екосистем“. Сега ги имаме Баерн и АСВЕЛ бидејќи им веруваме дека ќе придонесат за развојот на кошарката на два големи пазари. Во контакт сме и со Лондон и Париз за да видиме дали постои иднина кога во прашање е овој спорт на овие места. Наредната сезона Евролига нема да претрпи никакви промени, истакна Бартомеу.

Жорди исто така повтори дека единствена можност Балканот да има два претставника во Евролига е преку освојување на Еврокупот.

  • Единствена промена поради која може да дојде до уште еден тим во ЕЛ е преку Еврокупот. Работиме на тоа да преку ова натпреварување во Евролига се пласираат два тима, но засега се уште не е дефинирано. Тоа е само идеја, концепт, а ќе видиме дали ќе дојде до реализација на сето ова. Доколку тимовите во Еврокупот се покажат на едно повисоко ниво, ќе им дадеме шанса за настап во елитата, додаде првиот човек на Евролига.

Резултати Евролига: Анадолу Ефес – Гран Канарија 93:74, Будуќност – Химки 90:98, Макаби ТА – Олимпијакос 65:64, Барселона – Жалгирис 78:72.