Раст на цената на пченицата и сојата

37

Во текот на минатата недела на Продуктната берза во Нови Сад поскапеа одредени примарни земјоделски производи, пред се сојата и пченицата.

Вкупниот промет е 2.844 тони стока, чија финансиска вредност, според неделниот извештај, изнесува 126,5 милиони динари.

Договорите за пченицата се склучувале во ценовниот опсег од 32,5 динари за килограм без ДДВ до 33 динари.

Пондерираната цена изнесуваше 32,89 динари (околу 0,27 евра)/кг без ДДВ, што е зголемување за 3,03 отсто.

Цената на пченката не бележи значителна промена во однос на претходната недела.

Договорите беа склучени по цена од 27 динари (околу 0,22 евра)/кг без ДДВ, додека пченката со зголемен процент на влага се тргуваше од 24,5 на 25,2 динари за килограм.

Цената на сојата поскапе за 1,16 отсто поради отсуството на понуда.

Договорите се реализираа по цена од 73 до 74,5 динари/кг без ДДВ, а просечната цена на тргување беше 73,75 динари/кг без ДДВ.