Модуларната болница во Тетово е монтирана, останува уредување на внатрешноста

27

Модуларната болница во Тетово е монтирана, останува уредување на внатрешноста

Тетово, 27 јануари 2021 (МИА)- Монтажниот објект за болничко лекување на ковид позитивни пациенти во кругот на тетовската клиничка болница е при крај.  Надворешната работа е целосна готова со изградба на основа и поставување монтажни ѕидни панели, а започнато е со работа и во внатрешноста.

При крај се сите работи, се работи на постувавње на санитарија и електрична инсталација за модуларната болница. Мислам дека за една до две недели ќе биде комплетно готова и ќе може да се примаат пациенти , изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот.

Во моментот во Ковид центарот има 15 лица од кои 10 се со потешка клиничка слика и затоа се на болничко лекување.

Само денес се примени тројца пациенти на болничко лекување. Амбулантски прегледи има околу 35 пациенти во една смена има тендецениај на зголемување но тоа не значи дека сите се заболени од Ковид. Бројот на починати е некаде 1 до 2 просечно во моментот. Баравме и со мали симптоми да се појават во Ковид центарот или кај матичен лекар, изјави д-р Нуредини.

Во последната денешна евиденција на заболени од Ковид за тетовскиот регион има 316 активни случаи. Пред еден месец или на 28 декември 2020 имало 878 активни случаи.

Извор:МИА