Истражувања на монументалниот ѕид во Градиште, Младо Нагоричане

142

На локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, продолжува дооткривање на монументалниот ѕид кој беше детектиран минатата година.

“Засега, ѕидот е откриен во должина поголема од десет метри и претставува енигматична градба од големи камени блокови, внимателно клесани, поставени во правец север – југ.  Поставен е на плато пониско од таканаречениот „акрополен простор“, па и самата стратиграфија на овој дел од локалитетот е поинаква од ситуациите откриени во репрезентативните градби на врвот од ридот.

Има показатели за преправки врз градбата кои покажуваат економско слабеење на населението, но и насилно уривање на објектот, што може да се поврзе со турбулентните настани од 3-2 век пред н.е., кога овој простор претставувал фронт на дарданско-македонските интереси.

Иако економски ослабени, во објектот сепак се уште се присутни импорти на егејската керамика, што зборува за силни врски со егејскиот брег“, велат археолозите од кумановскиот Музеј.

Наодите, како и претходните години потекнуваат во 4-2 век пр. н.е.