Димитров: Владата да не го залажува народот, струјата нема да поевтини

88

Од Владата уверуваат дека од Нова година струјата нема да поскапи, а најавија и можно намалување на цената на струјата. И покрај тоа што последниве денови увозот на струја се зголемува, а од почетокот на наредната година ДДВ-то за струјата да се врати од сегашните 5 на 10 отсто, нема логика струјата да не поскапи.

Проф. д-р Константин Димитров, претседател на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, за ВЕЧЕР вели дека изјавите на власта се контрадикторни и оти нема логика цената на струјата да се намали.

-Секој разумен човек ќе свати дека тоа е само фалење. Неможе во услови кога цената на струјата на берзите расте, а ние купуваме струја да очекуваме намалување на цената на струјата. Може да се намали неколку месеци, но за тоа Владата многу ќе се задолжи. Зимаат кредити му ги даваат на АД ЕСМ за да купува струја, изјави Димитров.