ВО ПОДГОТОВКА НОВ ЗАКОН: Нема работа по исполнувањето на условите за пензија

4283

Ќе се укине законската можност по исполнувањето на условите за старосна пензија оние кои сакаат, да продолжат да работат.

Премиерот Зоран Заев на една од партиските трибини викендов соопшти дека се подготвува нов закон за пензионирање, според кој нема да може пензионирањето да се продолжува до 67 години како што е сега.

– Носиме нов закон. Наместо како досега со избор до 67 години да се оди во пензија, сега ќе се оди во пензија на 64 години, за да ослободиме места за младите луѓе, рече Заев.

Тој додаде дека овој закон е веќе пуштен во процедура.

Старосната граница за одење во пензија во нашата држава е 62 години за жени и 64 години за мажи. Притоа, потребно е да се има работен стаж од најмалку 15 години. Со измена на овој закон пред неколку години беше дадена можност работниот ангажман да се продолжи. Искуството покажа дека оваа можност  најмногу ја користат вработените во државната администрација, додека во приватните фирми голем број работодавци го игнорираат законот и работниците кои бараат да продолжат да работат ги праќаат во пензија.