Џафери примен на инфективна клиника

115
Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е примен на Клиниката за инфективни и фебрилни болести при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“, јавува „360 степени“.

Информацијата за „360 степени“ ја потврдиле и од неговата матична партија, ДУИ.

-(Примен е н.з.) на системска контрола. На тестирањето (за ковид-19 н.з.) е негативен, велат од ДУИ.

И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Талат Џафери бил негативен на тестот за Ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.