EPA/JORGE ZAPATA

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ова лето донесе неколку играчи во своите редови, а последно засилување во тимот е Мирослав Радуљица, пишува српскиот портал „Телеспорт“.

Инаку, токму овој тим ќе биде прв противник на МЗТ Скопје во новата сезона во АБА лигата, меч кој е закажан за сабота во 20 часот во арената „Александар Николиќ“.

Поранешниот центар на српската репрезентација, со која освои сребро на Олимписките игри, Светско и Европско првенство, претходно играше за српските Партизан и ФМП, а пет години мина и во Азија.