Фестивал на стилизиран фолклор „Шарски извори“ во Тетово

117

По 19-ти пат, во саботата вечер во Тетово почна републичкиот традиционален фестивал на стилизиран фолклор „Шарски извори“. На свеченото отворање се обрати министерот за култура, Хусни Исмаили.

-Оваа година, горд сум и заради фактот што Министерството за култура е поддржувач на овој културен настан што е дополнителна вредност во културна понуда на Тетово и на еден извонреден начин го збогатува и културното живеење на градот. Тетово деновиве ќе пулсира со традицијата, со ората, песните, фолклорот, кои се дел од светското културно наследство и главна особеност на секој народ, истакна Исмаили.

На фестивалот настапуваат фолклорни ансамбли од Република Северна Македонија, од Косово и од Албанија.

Учесници се КУД „Извори на Шара“ од Тетово, Ансамблот „ФОЛК-АЛБ“ од Тирана, КУД „Качаничка клусира“ од Качаник, КУД „Илирида“ од Скопје, Дуото Браќа Сејдиу и КУД „Теарце“ од Теарце.

Овие избрани уметнички групи со нивниот репертоар ќе ја претстават автентичноста, богатството и убавината на стилизираната народна песна и танц кај Албанците, изјави Зилфи Алиу од друштвото „Шарски извори“ од Тетово.