Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ пристигна во Болоња, каде ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус. По многуте шпекулации, еден од најдобрите европски плејмејкери, одлучи да потпише за тимот кој го предводи селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ.

Навивачите на Виртус Болоња го пречекаа српскиот репрезентативец на аеродром со овации, а официјалното претставување пред медиумите е закажано за денеска. Тој беше без клуб по заминувањето од НБА лигата, а за новиот тим потпиша тригодишен договор според кој ќе заработи 6.5 милиони евра.