Српскиот интернационалец кој настапува во Шпанија во екипата на Теукро, Марко Ѓокиќ ќе мора привремено да ја прекине кареирата затоа што му е дијагностициран рак на тестисите.

Откако клубот ја сподели информацијата на Твитер, веднаш со пораки за поддршка се приклучија поранешните клубови на Ѓокиќ.

Од Туекро му порачаа на Ѓокиќ дека го очекуваат да се врати посилен на терените.

-Ние сме сите со тебе, сега повеќе од било кога. Веруваме дека ќе се вратиш посилен, стои во соопштението на клубот во кој српскиот интернационалец пристигна во 2019 година.

Синот на поранешниот ракометар Горан Ѓокиќ, претходно во кареирата има насапувано во повеќе шпански екипи. Марко има настапувано за Гвадалахара, Пуерто Сагунто, Сиудад Енкатада и Кордоба