Со целата фамилија сум во одлични комуникации. Ги почитувам сите мои полубраќа и полусестри. Бев многу радосна кога мојот полубрат Вељко доби син. Цеца ми е особено мила како личност, едноставна е, неизвештачена и љубезна.

Софија Ражнатовиќ е вонбрачната ќерка на покојниот воен злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тој ја добил додека се забавувал со една социјална работничка која се грижела за него додека Аркан бил во белгискиот затвор. На Софија која е сега возрасна жена многу и недостасува татко и, таа тоа не го крие, емоциите ги споделува и со новинарите:

-Својот татко Жељко и ако не е жив многу го сакам. Иако поминаа многу години откако физички не е меѓу нас, тој живее во мене. Јас живеам далеку од Србија и не доаѓам често, но мило ми да дојдам на неговиот гроб да си го испочитувам родителот. Полесно ми е да се исплачам, бидејќи тато многу ми фали. Тој беше внимателен кон сите свои деца, особено кон мене. Знам дека знаеше да биде лут кога се враќав доцна од ноќните журки. Татко ми секогаш сакаше да бидеме една голема и сложна фамилија, раскажа Софија низ солзите.

Софија и Цеца се виделе на гробот на Аркан во Белград

За својата маќеа Цеца Ражнатовиќ, има убаво мислење:
-Цеца е за мене силна жена. Не знам кој и зошто нешто лошо зборува за неа не сум упатена во тие муабети, не живеам во Србија. Јас со Цеца немам ниту еден проблем, со целата фамилија сум во одлични комуникации. Ги почитувам сите мои полубраќа и полусестри. Бев многу радосна кога мојот полубрат Вељко доби син.

Цеца ми е особено мила како личност, едноставна е, неизвештачена и љубезна, комуникативна. Не ми личи на некоја толку позната и ако знам дека на целиот Балкан важи за популарна пејачка. Јас не слушам таква музика, но знам дека има убав глас, впрочем таа е и убава и умна жена, вели Софија,ќерката на Аркан. (Д.М.)foto:FB