По „Карнеги хол“, на 27 јануари Трпчески во Париз

87

По Лондон и Њујорк, македонскиот реномиран пијанист Симон Трпчески и легендарниот виолинист Максим Венгеров, в четврток, на 27 јануари, ќе настапат во Париз.

Тандемот Максим Венгеров – Симон Трпчески на 20 јануари го одржа вториот концерт од мини-турнејата на најпрестижните светски сцени, овојпат во „Карнеги хол“ во Њујорк. „По исполнувањето на програмата за концертот во преполна сала и со стоечки овации, двајцата врвни уметници ја наградиja публиката со дури три изведби на бис“, посочија од „КултурОп“.

По минатогодишниот прв заеднички настап на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел во Белгија, Трпчески месецов настапува на три од најпрестижните светски концертни сцени заедно со Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња.