Ковачевски: 45 илјади граѓани ќе бидат субвенционирани со по илјада денари месечно за трошоците за електрична енергија

178
„Предвидени се субвенции за 45 илјади граѓани, кои ќе добиваат по илјада денари месечи за покривање на трошоците за електрична енергија и огрев“ потенцираше Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

 

Тој потенцираше дека вакви средства се предвидени и со буџетот за идната година, а како помош за граѓаните за полесно носење со европската енергетска криза, Ковачевски истка дека било и намалувањето на ДДВ на струјата од 18 на 5 проценти.

„Кризата кај нас добива посебна специфика бидејќи во енергетскиот систем 30 години не е инвестирано во нов голем енергетски капацитет. Се што имаме е од времето на бивша Југославија, што не е ефикасно како што треба да биде“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека и во договорот за владиното партнерство со Алтернатива, било потенцирано дека во наредната година не смее да се дозволи поголемо покачување на електричната енергија од 20 отсто.

„Не треба да се стравува од можни недостатоци на производите за кои се замрзнати цените. Ние сме во постојан контакт со Стопанската комора, имав разговори со дел од кластерите во комората. Тие се свесни за ситуацијата и подготвени да учествуваат во стабилизирањето на состојбата“ кажa заменик-министерот за финансии и кандидат за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на „24 анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека на месечно ниво ќе се следат движењата на цените во земјава, но и во регионот со цел ниту една страна да не биде доведена во ситуација која ќе биде негативна и ќе го загрози нивното функционирање.