Зонско паркирање во Автокоманда ќе го реши метежот

80

Теренската анкета, спроведена помеѓу жителите во Автокоманда, покажа дека тие одобруваат зонско паркирање во нивната населба, со што се очекува да се реши  проблемот што го имаат со недостиг на слободни паркинг места.

– За време на теренската анкета се изврши посета на секое домаќинство во населбата, по што од резултатите може да се утврди дека жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување на зонско паркирање – информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на неговиот фејсбук-профил.

Тој прецизираше дека било анкетирано 951 семејство, а од нив 632 се изјасниле за зонско паркирање, 52 одбиле да одговорат, а 266 семејства биле против.

Дел од граѓаните ја поздравуваат можноста на ваков начин да се реши проблемот до паркирањето, дел тврдат дека со анкетата не се опфатени сите семејства, додека оние кои се против воведувањето зонско, сметаат дека на ваков начин ќе се оптовари семејниот буџет.