Георгиевски донираше 10 таблети за ученици во Гази Баба

40

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска донираше десет таблети за учениците од основните училишта од општината.

– Секое дете има право на квалитетно образование, а како Општина Гази Баба сме должни тоа да им го обезбедиме. Би сакал да се заблагодарам и на огромниот број општествено одговорни компании кои изминативе денови ме контактираа и најавија донација на смарт уреди и таблети за учениците. Само на овој начин ќе ја постигнеме целта и ќе ги надминеме предизвиците кои се јавија ланската учебна година кога дел од учениците не беа во можност да набават технички уред или во исто време, на еден уред, наставата треба да ја следат две или повеќе деца од едно семејство – информира Георгиевски.