Боки 13: Сите баналности во обвинението ги разбирам но не се чувствувам за виновен!

81

Сите баналности во обвинението ги разбирам но не се чувствувам за виновен. Вака Боки-13 одговори на суд кога го прашаа дали е виновен за делата од обвиненито за невладината организација „Меѓународен сојуз“. И останатите обвинети меѓу кои и екс потпретседателката на СДСМ и на Собранието Фросина Ременски рекоа дека не се виновни. Ременски одговори дека е огорчена од намерата за кривичното дело измама за кое е обвинета. Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски рече дека е срамно што на 63 години го прават криминалец и дека не го ни прочитал обвинението оти немал гржа за тоа што го пишува, објави Телма.

Обвинителката Вилма Русковска претходно во воведните зборови рече дека хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ била формирана лажно како да е под покровителсрво на ЕУ, а злоупотребена за да бидат измамени бизнисмените Адријан Амзоски и Сиљан Муцевски. Првиот уплатил 234.000 евра а вториот 720.000 евра, пари кои наместо да завршат за наводните проекти за домови за стари лица, биле уплаќани на сметка на 1ТВ и БМЈ Медија груп и тоа од страна на таткото на Боки-13 и соработничката Јасна Ерцеговиќ. Обвинети се петмина други за измама, за помагање а Бојан Јовановски и за перење пари.

Судењето денеска започна и продолжува со воведни зборови на адвокатите и обвинетите.